Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Прв концепт од серијата DS на Citroen
06.02.2009
citroen-ds3-1.jpgНајавивме дека борејќи се за да освои колку е можно поголемо парче од пазарниот колач Citroen одлучи да создаде своја премиум марка која ја носи ознаката на легендарниот DS.

Создавањето нова марка се поклопува со прославата на 90 годишнината на Citroen годинава и со претставувањето на новото лого кое ќе дебитира заедно со првиот DS концепт, моделот DS3.

На овој начин Citroen сака малку да ја пренасочи перцепцијата на публиката за својата марка, водено немарата е да се застане рамо до рамо со модели како Mini, Alfa Romeo MiTo, Fiat 500 и ново очекуваниот Audi A1.

Citroen сеуште не соопштува детали во врска со DS3, но неговата светска премиера ќе биде на салонот во Женава кога ќе бидат откриени техничките податоци.

Концептот, сепак, има уште многу до сериско производство и најавата за пласирање на пазарот кон крајот на годината нема да се оствари. Новиот план е DS3 да се појави во салоните во првата половина на 2010.

Како и да е DS3 со нетрпение ќе се очекува, бидејќи моделот внесува нова свежина и визуелно не дели ништо слично со било кој актуелен модел на Citroen.

Автомобилот носи сопствен препознатлив стил со комплетно нов преден дел, испакнати крила и арки над тркала, исто така испакнати прагови и разиграна странична линија.

Во Citroen наведуваат дека новиот дизајн се совпаѓа со ознаката DS која тие ја толкуваат како Different Spirit или различен дух.

Паралелно со откривањето на DS3, Citroen потврди дека веќе се работи и на развојот на DS4 кој ќе им конкурира на Audi A3, BMW Серија 1 и Mercedes A Класа, додека поголемиот DS5 ќе пристигне за да ги загрози позициите на Audi A6 и BMW Серија 5.

Претставувањето на новата премиум марка ќе значи и подигнување на стандардите на Citroen. Се мисли на грижа за корисници, односи со дилери и сервис и одржување кои треба да бидат соодветни на една премиум марка.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook