|
25.03.2009 |
Fiat планира да го воведе во сериско производство својот прв
менувач со две спојки кон крајот на годината. Aвтомобилот
којшто ја добива честа прв да го понесе е Alfa MiTo.
Менувачот кој произлегува од соработката меѓу Fiat
Powertrain Technologies и BorgWarner ќе има шест степени на пренос и ќе
нуди значителна заштеда во потрошувачката.
BorgWarner всушност го испорачува контролниот
систем на оваа трансмисија наречена DualTronic кој доаѓа во три
верзии секоја способна да поднесе различен вртежен момент и број на вртежи.
Контролниот систем на DualTrоnic има
електро-хидрауличен принцип на работа. Моќните електромагнети заедно со електричната
хидраулична пумпа овозможуваат скусување на времето потребно за менување на степените
и ја намалуваат потрошувачката.
Според конструкторите од BorgWarner системот е
исклучително доверлив и до сега е испробан во многу комбинации во изминатите
десетина години вклучувајќи ги и автоматизираните мануелни менувачи на Fiat, Selespeed.
Откако ќе го претстави својот прв менувач со две спојки
во Alfa MiTo, Fiat ќе
продолжи да ги вградува различните верзии низ целата своја гама вклучувајќи ги
тука и моделите на Lancia.
|