Get Adobe Flash player
Прв миниван за Skoda
18.05.2010

Skoda работи на развојот на компактен миниван којшто би требало да пристигне на пазарот за околу три години вели инсајдер на компанијата за L`automobile, францускиот магазин за автомобили.

skoda-minivan-2010-1

Новиот модел на Skoda прв од овој вид за компанијата е поставен на платформа на која ќе биде поставена и новата генерација на Volkswagen Touran и вообичаено за групацијата VW ќе ги носи истите мотори и менувачи.

Сепак, групацијата VW за да се спаси од канибализам меѓу сопстените модели на Skoda нема да и дозволи во верзиите на нивниот миниван да ги вградува најмоќните бензински и дизел мотори како 2.0 TFSI со 200 КС и 2.0 TDI со 170 КС.

Затоа, но и заради опременоста и имиџот на марката миниванот на Skoda ќе има пониска цена која на пазарите во Европа би стартувала од околу 15.000 евра што е за околу 4.000 евра пониска цена од онаа со која стартува Touran.

Секако новот миниван нема да биде единствениот нов модел на Skoda што ќе се појави на пазарите во следните три години. Информациите велат дека под знакот на Skoda ќе се појави и микро автомобил поставен на основата на VW Up!.

Верзијата со знакот на Skoda ќе се нуди во две варијатни со три и со пет врати, а под хаубата ќе работат два бензински мотори од 1.0 и 1.2 литри. Производството би требало да стартува кон крајот на следната година во Словачка, а комерцијализацијата се очекува на почетокот на 2012.

 

 

 

Facebook