Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Прв официјален фотос од серискиот Insight
04.12.2008
honda-insight-serija-1.jpgHonda ја објави првата официјална фотографија од сериската верзија на својот нов хибриден автомобил, Insight, кој светската премиера ќе ја доживее на салонот во Детроит.

Според замислата на Honda, Insight треба да биде најевтиниот хибрид што ќе се нуди на глобалниот пазар. Светската премиерата на концептот Insight беше на салонот во Париз во октомври. Но, Honda исто како сега го претстави Insight многу порано, во септември.

Детроит пак ќе биде домаќин на светската премиера на серискиот модел. Кусиот врменски рок меѓу претставувањето на концептот и на сериската верзија укажува на фактот дека нема суштински разлики меѓу нив.

Односно дека се се сведува на мал редизајн и дотерување на финеси што може да се заклучи и од фотографијата објавена од Honda.

Хибридниот погон кој работи во Insight е комбинација на електромотор кој добива енергија од акумулаторски батерии сместени во подот на багажникот и 1.4 литарскиот бензинец кој ќе се вградува и во Honda City.

Со вклучен само електричен погон максималната брзина на Insght изнесува 50 km/h, но во Honda сеуште не објавуваат кое е максималното растојание што може да се извози само на електрика.

Воедно се чека и на информациите за потрошувачката, емисијата на издувни гасови, пред се СО2 и перформансите на автомобилот.

Стартот на продажбата на Insight е закажан за на пролет 2009, но само за пазарите во САД и Јапонија. Годишната продукција треба да изнесува 200.000 примероци.

Главен конкурент на Insight секако е Toyota Prius и се очекува жестока борба меѓу овие два автомобили за освојување на купувачи. Секако Prius e во предност. Сепак, станува збор за најпродаваниот хибрид на светот.

Затоа Honda сака да нападне со цена. Insight во Јапонија ќе чини околу 18.500 долари, додека за актуелниот Prius јапонските купувачи треба да издвојат околу 22.000 долари.

Ако се земе предвид дека новиот Prius ќе биде малку поскап од актуелниот модел разликата меѓу нив може да се искачи на преку 4.000 долари. Сума која воопшто не е за занемарување.

На фотографијата е сериската верзија на Insight, а подолу во галеријата претставен е концептот.

honda-insight-serija-2.jpg


 




 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook