Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Прв официјален фотос од Toyota Verso
25.02.2009
toyota-verso-1.jpgНа салонот во Женева европејците ќе можат да се радуваат на новата генерација на Toyota Verso која според најавите ќе пристигне во продажните салони во април.


Во споредба со актуелниот модел измените се однесуваат на подигнување на перформансите на моторите и намалување на емисијата на издувни гасови и секако потрошувачката.


Инженерите задолжени за развој на мотори тврдат дека перформансите на моторите, моноста и вртежниот момент се зголемени за 20%, додека потрошувачката и емисијата на издувни гасови, пред се, јаглероден диоксид за 12%.


Моторната понуда се состои од два атмосферски бензинци од 1.6 и 1.8 литри со варијабилно управување на вентилите или VVT-i кои снагата на предните тркала ја пренесуваат преку шест степен мануелен менувач или преку новиот континуиран варијабилен менувач CVT, Multidrive S.


Дизелите ги застапуваат познатите четири цилиндерци со трубо натполнење D-4D од 2.0 и 2.2 литри.


Новата генерација на Verso нуди значително повеќе простор во внатрешноста благодарение на поголемите димензии. Ванот во должина е растегнат за 70 mm, а меѓуоскиното растојание е продолжено за 20 mm.


Новиот дизајн кој потсетува на Avensis, поголемите димензии условиле и подобрување на аеродинамиката, па така коефициентот на отпор на воздух и изнесува Cd 0,29.


Поголемиот простор во кабината е искористен за поудобно сместување на седум возрасни патници. Од Toyota најавуваат нов систем за склопување на вториот и треиот ред седишта наречен Easy Flat.


Според нив Easy Flat ќе овозможи лесно преклопување на секое од задните пет седишта кои ќе можат да се преклопуваат индивидуално и на тој начин да овозможат поголема варијабилност.


Перформансите, цената и останатите детали околу новиот Verso ќе бидат објавени на претставувањето во Женева.

 


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook