Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Прв тизер од Chevrolet Trail Blazer
13.10.2011

Chevrolet е во завршна фаза со развојот на новата генерација на успешниот SUV TrailBlazer кој за првпат беше претставен во 1999 година како подобрена верзија на легендарниот Chevrolet Blazer.

chevrolet-trailblazer-1-2011-1

Како најава за новиот TrailBlazer, Chevrolet го објавува и првиот тизер кој открива многу малку за теренецот. Сепак, може да се забележи дека новајлијата има многу позаоблени линии и ќе личи помодерно од претходникот.

Планот на одговорните во Chevrolet е да го претстават новиот TrailBlazer кон средина на ноември на салонот во Дубаи, додека продажбите ќе стартуваат кон почетокот на 2012 година.

Првиот пазар што ќе го добие Chevrolet TrailBlazer ќе биде Тајланд, а подоцна ќе го добијат и купувачите во Америка и на останатите пазари ширум светот бидејќи Chevrolet планира новиот TrailBlazer да биде глобален модел.

Новиот TrailBlazer е поставен на новата платформа на General Motors која е развиена во Бразил и на која е поставен и пикапот Colorado. Други детали нема, Chevrolet ги чува за премиерата во Дубаи.

Chevrolet TrailBlazer е претставен во 1999 година, а првпат се појавува на пазарот во 2001 година како подобрена верзија на Blazer. Продукцијата во САД завршува во 2009 година, додека продукцијата во Русија сеуште е во тек.

Легендата Chevrolet Blazer на пазарот се појавува во далечната 1983 година и останува во продукција се до 2005 година и се произведува во верзии со три и со пет врати.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook