Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Прв тизер од новата Honda Civic
02.09.2011

Како се доближува денот на светската премиера која ќе се случи во Франкфурт на 13 септември, Honda, полека ја открива новата генерација на Civic и притоа ја објавува и првата фотографија тизер.

honda-civic-tizer-1-2011-1

Европската верзија на Civic чиј заден дел е претставен на фотографијата ќе се нуди единствено како комбилимузина со пет врати, како и до сега. Во Европа ќе отсуствуваат седанот и купето кои беа претставени во САД.

Првичната информација дека новиот Civic го краси одлична аеродинамика повторно ја нагласуваат одговорните во Honda. Други информации нема. Она што може да се види од фотографијата е варијација на тема од претходниот модел.

Задникот повторно има двојно стакло кое на средина е пресечено со еден вид на интегриран спијлер. Кај новиот модел, спојлерот е значително по нагласен и во него е интегрирано стоп светлото кое прави една целина со задните светла.

Се гледа и дека задните крила се понагласени и имаат рамни страници заради намалување на вртложењето на воздух, а линијата на задното стакло има поголема косина.

Како ќе личи новиот Civic сеуште неможеме да претпоставиме, но веруваме дека ќе изобилува со уникатни дизајнерски решенија кои се карактеристични и за актуелниот модел.

Тоа значи дека едно ќе го сакаат до небо, а други нема да можат да го погледнат. Но, за вкусовите не вреди да се расправа. Како и да е Honda со Civic повторно ќе крене прашина во С – сегментот.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook