|
Купето со четири врати од Серијата 6 на BMW се појави на улица. Уловено е од група германски ловци на автомобили кои според наводите го следеле подолго време и успеале да го фатат на ачик.

BMW ја најави „шестката” со четири врати како концепт уште минатата година на салонот во Пекинг, но прв автомобил кој беше претставен од Серијата 6 е кабриолетот кој веќе ја доживеа и македонската премиера.
Следно беше купето со две врати, а на крај доаѓа и купето со четири врати или Gran Coupe чии скици подготвени за во патентен центар беа објавени неодамна. Сега на фотографиите е сериската верзија на Gran Coupe.
Таа премиерно треба да биде претставена на есен на салонот во Франкфурт, а продажбите би стартувале следната годината. Кога ќе се случи тоа купето на Mercedes со четири врати, или CLS ќе има сериозен конкурент.
Кога е во прашање Gran Coupe, BMW си стоел доследен на својата пракса и може да се заклучи дека сериската верзија на автомобилот е аналгона на концептот. Разлики има во детали како сменети браници, бубрези и издувни цевки.
Под хауба како и кај кабриолетот и купето ќе работат два бензинци 3.0 литарскиот твинтурбо со шест цилиндри во линија и 4.4 литарскиот V8 исто така твинтурбо. Менувачот е автоматски со шест степени на пренос.
Подоцна се очекува и дизел верзија како и незибежната спортска изведба која гордо ќе го носи логото М.
|