Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Први фотоси од внатрешноста на Duster
15.12.2009

Иако во Renault и во Dacia сакаат да ја сокријат кабината на првиот кросовер на производителот од Романија пред светската премиера, сепак научија дека денес тоа не е толку лесно.

dacia-duster-2010-2

Први кои ги објавија шпијунските фотографии од внатрешноста на Duster се холандските новинари од магазинот за автомобили Auto Week. На фотографиите јасно се забележува дека арматурата е земена на заем од хечбекот на Dacia, Sandero.

Се работи за еден од поопремените модели каде централната конзола, обрачите околу отворите за воздух и на воланот со во пијано лак финиш, а воланот и седиштата се преслечени со кожа.

Како што пишувавме Dacia Duster која е поставена на платформата на Logan/Sandero ќе се нуди во верзија со погон на пред и на четири тркала, а на некои пазари во Западна Европа ќе се продава под беџот на Renault.

Продажбата стартува на пролет.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook