Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Први испораки на Maybach Landaulet
23.01.2008
maybach-landaulet-1.jpgСупер луксузниот кабриолет кој се појави како концепт за да го опипа пулсот на богатите купувачи стартуваше со производство, а првите примероци веќе се испорачани до среќните сопственици.

Цената права ситница. Околу 470.000 евра секако без давачки. Звучи многу? Не треба да се грижиме бидејќи не се ништо за богатите шеици од Блискиот Исток, кои најмногу ќе му се радуваат на Landaulet.

Како што пишувавме претходно, Landaulet е направен на основата на Maybach 62 кого го задвижува 6.0 литарскиот V12 со два турбо полначи кој остварува 612 коњски сили и го турка огромниот автомобил до 100 km/h за малку преку 5 секунди и максимални електронски ограничени 250 km/h.

Покрај кабината целосно преслечена во кожа и вградениот мултимедијаклен систем од најновата генерација, најинтересниот дел за патниците на задното седиште е можноста за менување на слики на стаклената преграда преслечена со филм од течни кристали, која го одвојува возачот од сопственикот.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook