Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Први официјални детали за 911 GT2 RS
12.05.2010

Porsche ги објави првите официјални информации за својот нов модел 911 GT2 RS кој претставува уште полута верзија на спортистот GT2 на чија основа е поставен, но е значително понервозен.

porsche-gt2-rs-official-2010-1

Она што доаѓа од Porsche се куси информации, но и најважните би рекле. Значи почнуваме од моторот. Боксер зафатнина од 3.6 литри распоредени во шест цилиндри два турбо полначи и моќност од 620 КС.

Во исто време моторот нуди пониска потрошувачка од GT2 за околу 5% или во просек 11,9 L/100 km. Ова се должи и на помалата тежина за 70 kg. Односно GT2 RS со сите течности без полн резервоар тежи 1.370 kg.

Иако е полесен GT2 RS е значително помоќен од GT2 плус 90 КС и има сooднос снага спрема тежина од 1 КС на 2,21 kg.

Снагата се пренесува до задните тркала преку шест степен мануелен менувач. Нема друга опција. Сопирачките дискови се од карбон-керамика, сопирачките клешти напред имаат шест клипа, а назад четири клипа.

Гумите специјално развиени за GT2 RS имаат димензии 245/35 ZR19 напред и 325/30 ZR19 назад, a леснометалните бандажи се прицврстуваат со една навртка. Комплетно ново е и потпирањето развиено до бел лист хартија како што тврдат инженерите од Цуфенхаузен.

Леснотијата како од градбата на шасијата и каросеријата доаѓа и од наново уредената кабина која изобилува со карбон-фибер од кого се изработени и тркачките кади, а ремените по желба можат да се врзуваат во шест точки.

Според официјалните мерења на фабричкиот тест тим 911 GT2 RS е способен да забрза до 100 km/h за 3,5 секунди, до 200 km/h за 9,8 секунди, до 300 km/h за 28,9 секунди и да достигне максимална брзина од 330 km/h.

И за крај најслаткото. Производството е лимитирано на серија од само 500 примероци, а секој од нив во основната варијанта чини 199.500 евра секако без давачки и без посебни желби од страна на клиентот.

Светската премиера е закажана за салонот во Москва на 25. август, додека првите примероци ќе можат да се нарачаат од септември.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook