|
Баварците објавија дека најжешката единица која го носи името BMW Серија 1 М Coupe официјално ќе биде претставена пред крајот на годината, односно некаде пред стартот на божиќните празници.

Светската премиера е закажана за салонот во Детроит, бидејќи од BMW очекуваат продажен бум во САД, а европската премиера треба да се случи во март 2011 на салонот во Женева по што стартуваат и продажбите и на двата континенти.
Под хаубата на BMW 1 M Coupe ќе работи твинтурбо бензинецот со зафатнина од 3.0 литри распоредена во шест цилиндри. Моторот е познат од BMW 135i, но на новото работно место ќе остварува моќност од 336 КС.
Снагата до задните тркала ќе се пренесува преку шест степен мануелен менувач и како што велат од BMW други опции нема да има бидејќи сакаат со 1 М Coupe да понудат вистинско возачко искуство.
Според податоците најмалиот носител на беџот М до 100 km/h ќе забрзува за 4,5 секунди, додека максималната брзина ќе биде електронски ограничена на 250 km/h. Можноста за деблокада стои отворена, секако по желба на сопственикот.
За сега толку. Останатите прашање и цената остануваат да лебдат во воздух.
|