|
Новата генерација на Fiat Uno е на пат. Откако се појавија првите шпијунски фотографии на новиот број еден на Fiat, филијалата во Бразил одлучи да не го сокрива новиот модел пред премиерата.

Така се појавија првите официјални фотографии од новиот Fiat Uno кој е претставен во верзија која наликува на теренец што е многу популарен изглед во Бразил.
Овој на лик теренски Fiat Uno најверојатно како и останатите модели на Fiat во Бразил со ваков лик, а нив ги има многу ќе ја понесе наставката Adventure. Иако освен ликот тука нема ништо што потестува натеренец бидејќи погонот е напред.
Карактеристично за оваа верзија се напумпаните пластични заштити над арките на тркалата, напумпаните црни браници, металната заштита под браниците, црната основа на предните светла, широките заштитни платики на вратите и црните кровни шини.
Според најавата на одговорните оод Fiat, новиот Uno пред се е наменет за пазарите во Јужна Америка, но не ја исклучуваат можноста овој ценовно прифатлив модел да биде пласиран и на некои од европските пазари.
Секако моделите што ќе се нудат во Европа ќе имаат одредени стилски измени во надворешниот дизајн и во кабината за да се задоволат вкузовите на европските купувачи.
Новиот Fiat Uno во должина мери 3.770 mm, широк е 1.640 mm и висок е 1.490 mm. Инженерите и дизајнерите во Fiat и во олку мал автомобил сепак успеале да сместат употреблив багажник со волумен од 290 литри.
За моторите веќе пишувавме дека се четирицилиндрични со зафатнина од 1.0 и 1.4 литри и моќност од 75 однсоно 100 КС со тоа што помоќниот може да користи биоетанол или Е85 како гориво.
Послабиот мотор е врзан со пет степен мануелен менувач, додека помоќниот користи шест степен менуелен менувач за подобро искористување на снагата во пониските степени на пренос и смалување на бројот на вртежи и потрошувачката кога се вози на отворен пат заради подолгиот шести преносен однос.
Премиерата на новата генерација на Fiat Uno е закажана за во текот на месец мај во главниот град на Бразил, Бразилија. Се очекува европското производство на Uno да биде во Крагуевац во погоните на Црвена Застава во соседна Србија.
|