Aмбициите на Volvo да се врати во средната класа како производител на стилски посебни и
безбедни автомобили се на одличен пат да се остварат за што јасно говори најновото
чедо S60.
Дури и ако се фрли кус поглед врз Volvo S60
станува јасно зошто на автомобилот му требаше да изоди долг и трнлив пат од
концепт до сериска верзија. S60 е поспортски и подинамичен автомобил од било кој модел на Volvo до
сега.
S60
е убавец скроен со сите обележја карактеристични за Volvo и
сигурни сме ќе ги привлече и оние кои не планирале да бидат посебни кога зад
волан на својот нов автомобил ќе се појават на улица.
„Новиот Volvo
S60 е создаден за да ги разбуди чувствата во вас. Тој личи и
вози како ниту еден Volvo
до сега, а вградената технологија ќе ви помогне да се
чувствувате самоуверено зад волан и да бидете побезбедни,”
изјави Стефан Одел, претседател и извршен директор на Volvo Cars.
Ова говори многу за автомобилот чија сериската верзија не
се разликува многу од концептот и запазени се модерните линии на купе со четири
врати. Volvo сеуште не ја открива внатрешноста, но затоа истакнува дека таа ќе ќе биде
посебна.
Безбедноста како што доликува на Volvo ќе
биде подигната на многу високо рамниште. Една од главните новини е Pedestrian Detection или детекција на пешаци. Системот ги детектира пешаците пред автомобилот и
сам сопира доколку заклучи дека возачот не реагирал на време.
Под хаубата би требало да работат мотори познати од
останатите модели на Volvo но и мотори од новата генерација развиени од инженерите на Ford. Последното
пред се се однесува на долго најавуваниот 1.6 литарски турбо бензинец на Ford, EcoBoost.
Од Volvo
истакнуваат дека светската премиера на S60 е
закажана за на пролет 2010, односно за салонот во Женева. Производството во
фабриката на Volvo во Гент, Белгија ќе стартува на почетокот од летото.
Продажбата ќе стартува веднаш по тоа.
|