|
Компјутерски генерирани фотографии на новиот модел на BMW наменет за во град го преплавија интернет просторот ширум светот. Моделот наводно ќе се нарекува BMW Megacity и е електромобил.

Според проструената информација овој BMW Megacity не е првиот модел на производителот од Минхен со погон напред. Напротив Megacity ја носи техниката на BMW Серија 1 и има напумпано тело како еден смален X6.
Според димензиите Megacity припаѓа во компактната класа како и Серија 1, нуди пет места за седење, погон назад и главна движечка сила од електромотор. Воедно во него е спакувана целата модерна технологија што ја поседува BMW.
Тоа значи одлична аеродинамика, екстремно ниска тежина за диманзиите на возилото, многу безбедносни системи и богатство од опрема. Но, сеуште нема прецизни информации за техниката за која сега може само да се претпоставува.
Бидејќи ќе почива на платформата на Серија 1 се очекува дека Megacity најверојатно ќе ја носи техниката што BMW ја претстави преку концептот ActiveE на салонот во Детроит.
За развој и производство на Megacity, но и на останатите електричнио модели кои ќе доаѓаат во иднина BMW отвора посебно одделение за развој во Мозес Лејк во сојузната држава Вашингтон во САД.
Се очекува дека првиот прототип на Megacity ќе биде претставен во 2012 на летните Олимписки игри во Лондон каде BMW е избран за официјален партнер за транспорт.
|