Првата фабрика на Hyundai во Европа
стартуваше со производство кон крајот на минатата седмица кога од производните
ленти се симна првиот автомобил Hyundai i30.
Европската фабрика на Hyundai е изградена
во Ношовице, Чешка каде од сега ќе се произведуваат сите моделски изведби на i30 наменети
за европските пазари. До сега i30 во Европа пристигнуваше од Јужна Кореа.
До крајот на годината Hyundai планира да
произведе 18.000 примероци од i30, додека бројката во 2009 треба да порасне до 200.000
произведени i30. Олку високата рата на производство ја оправдува инвестицијата
од 1.1 милијарда евра вложени во новата фабрика.
Но, тука не застанува проектот на Hyundai.
Во фаза на планирање е дополнително проширување на фабриката со што би се
зголемиле и производствените капацитети на дури 300.000 автомобили годишно до
крајот на 2011.
Со остварување на планот на Hyundai до 2011,
Чешка ќе го превземе приматот од Словачка како држава која произведува најмногу
автомобили по глава на жител.
Имено сега во Словачка се произведуваат по 130 автомобили
на 1.000 жители.
„Со стартот на производството на i30 во
Ношовице, Hyundai официјално станува европски производител. Верувам дека во
овие тешки времиња нашите автомобили ќе успеат да завземат
силна позиција во Европа и дека продажбата ќе расте повеќе од било кога до
сега,” изјави претседателот на Hyundai Motor Company, Ким Еок-Јо.
Според, законите на Европската унија, секој производител на
автомобили што има фабрика на тлото на Европа се смета за европски
производител.
Hyundai во овој случај оди чекор подалеку бидејќи градењето на
фабриката е втората фаза од ширењето на компанијата во Европа. Првично Hyundai стартуваше
со центар за истражување и развој чив плод е одличниот i30.
|