Отприлика вака би личелo доколку се стокми една
мешаница од дизајнерски потези на дијзанери од Ferrari, Audi, па и VW. Но, за тие да си останат раат и да не се мачат со креирање чуда се
погрижиле кинезите.
Станува збор за првиот спортcки автомобил со хибриден
погон креирaн целосно во Кина. Автомобилот е наречен Tong Jian S11 според извесен кинески скулптор и прв пат бил претставен на салонот во
Шангај.
Во дизајнот на каросеријата на овој црвен спортист, но и на
кабината откриваме збир на дизајнерски идеи кои веќе се видени на автомобилите
на наведените производители од Европа.
Оставаме на читателите да препознаат кој дел од Tong Jian S11 му припаѓа на соодветен дел од европските автомобили.
Aко се земе општиот изглед автомобилот и не е толку лош. Плус сознанието
дека го задвижува хибриден погон му ги крева акциите на Tong Jian S11. Сепак, кинезите морале да стават поголеми тркала, постоечките делуваат
неприродно за еден спортист.
Останатие информации за Tong Jian S11 се
прилично сиромашни. Според магазинот China
Car Times кој ги објави и распространи фотографиите, хибридниот
погон во Tong
Jian S11 ги задвижува сите четири тркала.
Но, толку од информациите.
Не е јасно дали станува збор за четири електромотори
поставени во главчините на тркалата кои ги задвижува електрична енергија
генерирана од класичен мотор со внатрешно согорување, или пак се работи за
горивни ќелии кои согоруваат водород и ослободуваат електрична енергија.
Единствената сигурна работа според China Car Times е дека Tong
Jian S11 не е концепт туку комплетно завршен автомобил подготвен
за сериско производство кое стартува наскоро.
|