Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Прво разоткривање на Audi A7
23.11.2009

Инженерите и чуварските служби и покрај беспрекорната работа до сега, сепак, не успеаја од ловците на автомобили во целост да го сочуваат идентитетот на долго најавуваниот Audi A7.

audi-a7-2010-1

Фотографиите на Audi A7 кој прв пат е фатен без масивна камуфлажа врз себе според изворот се направени некаде во Германија при подготовките на автомобилот за тестирање.

Направените фотографии откриваат малку, но веруваме и тоа е доволно за да се дознае дека А7 има нова форма на предните светла и најверојатно ќе носи спојлер на задната врата иако можеби станува збор за пакет од типот на S-Line, или пак, се работи за спортската верзија S7. Слично како кај S5 Sportback.

Очекувано страничните врати се без рамка, а линијата во подножјето на стаклата во делот на третото стакло пострмо се издигннува отколку кај скоро претставениот А5 Sportback.

Сеуште е далеку официјалното претставување на сериската верзија која светлото на денот треба да го здогледа за отприлика 11 месеци, поточно на салонот за автомобили во Париз во 2010.

Како што велат анонимни извори од Инголштад не само што ќе има привлечен дизајн туку ќе постави нови стандарди во класата, ќе има две верзии со четири и со пет места за седење и ќе ја носи новата генерација на мултимедијалниот интерфејс MMI.

Платформата е продолжена варијанта на истата што ја користи и A5 Coupe, односно Cabrio. А7 ќе има електронски контролирана воздушна суспензија, а на стартот под хаубата ќе работат три турбо дизели V6 заедно со нов 3.0 литарски V6 битурбо бензинец.

Подоцна ќе пристигнат уште неколку бензинци V6 и V8 и секако спортските верзии S7 и RS7.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook