Францускиот автомобилски гигант PSA Peugeot
Citroen планира наскоро да создаде нова марка за пазарите во Европа под чие лого
ќе се продаваат нискобуџетни автомобили.
Денес PSA е една од најреспектибилните групации на стариот
континент и е вториот по големина производител на автомобили во Европа по продажбата на автомобили.
Сепак, со растечките цени на бензините и суровините за
производство на автомобили на одговорните во PSA им е јасно
дека доколку сакаат да ја задржат сегашната позиција на европскиот пазар и да
напредуваат ќе мора на купувачите да им понудат нова генерација на
нискобуџетни автомобили.
Се претпоставува дека првиот автомобил од оваа генерација
ќе биде сличен на концептот на Citroen C-Airplay од 2006
создаден за да го прикаже нискобуџетниот автомобил на иднината.
Затоа сега во PSA се разработуваат
планови според кои нискобуџетните автомобили ќе се произведуваат во државите
кои се во развој, а ќе се продаваат на пазарите низ цела Европа под нова
марка.
Причина за создавањето на нова марка во склоп на
групацијата е да не се наруши создадениот имиџ на Peugeot и на Citroen. Всушност тоа ќе
биде оживување на една стара и малку подзаборавена марка автомобили.
Се работи за Talbot марка која сеуште
е во сопственост на PSA, а која Peugeot ја превзеде од Chrysler во 1978 и која
беше згасната во 1992 поради катастрофалните продажни резултати и големите
загуби.
|