Заострувањето на нормите за емисија на издувни гасови кои
се во план во земјите од европската унија ги принуди производителите да ги
сменат принципите при конструирање на автомобили.
Огромни напори сега се прават за автомобилите да бидат
послесни, поекономични, односно позелени. Токму затоа дел од производителите се
свртуваат кон хибриди, а дел ги користат современите техники на директно вбризгување
на гориво комбинирани со вградување на турбо полнач или механички компресор.
Еден од предводниците во изработка на мали мотори,
француската групација PSA Peugeot Citroen, најави дека
почнува со развој на нова гама на мотори, поточно се работи за три цилиндрични
бензински агрегати со зафатнина од 1.0 литри и со турбо надполнење.
Благодарение на турбо полначот моќноста ќе варира од 70
до 100 коњски сили, а дури и најмоќниот мотор нема да има емисија на СО2
поголема од 100 g/km.
Планот е производство на 600.000 вакви мотори годишно со
почеток од 2011, а за да се оствари наведениот план PSA ќе гради
нова фабрика во Тремери, Франција, но и нова фабрика некаде во Источна Европа
која ќе почне со производство во 2012.
Сепак, во PSA сеуште не е
донесена одлука каде би се наоѓала втората фабрика за мотори.
|