|
Француската групација PSA Peugeot Citroen објави дека ќе инвестира 175 милиони евра во периодот од 2010 до 2013 за развој на нов три цилиндричен бензински мотор кој ќе има трубо натполнење.

Со најавата за развој на нова генерација на мотори од PSA истакнаа дека во иднина сите нивни малечки модели ќе бидат задвижувани од агрегати од сопствено производство.
Ова пред се се донесува на малите модели како Peugeot 107 и Citroen C1 кои во моментот користат мотор развиен и произведен од Toyota кој исто така работи и во третиот мал близнак Toyota Aygo.
Секако вградувањето на овие мотори нема да застане само кај 107 и С1.
Новата генерација на мотори на PSA ќе има зафатнина од 1.0 и 1.2 литри. Продукцијата ќе биде масовна и веќе од 2012 се планира на годишно ниво да бидат произведувани по 640.000 примероци.
Главна карактеристика на овие мотори ќе биде високиот вртежен момент расположлив во поширок опсег на вртежи долг на трубо полначот. Па така и малите модели на PSA во иднина ќе можат да се пофалат со силно повлекување кога ќе се притисне педалот за гас.
Производството на новата генрација на мотори ќе се одвива во фабриката La Francaise de Mechanique која е основана далечната 1969 од трите француски марки Peugeot, Citroen и Renault и во која дури и денес PSA и Renault имаат заеднички удел, а соптвеноста е поделена подеднакво 50:50.
Фабриката запослува 3.400 работници и дневно во неа се произведуваат по 6.200 различни мотори. Лани фабриката произвела 1,3 милиони мотори од кои 942.000 биле наменети за PSA.
Во неа се произведуваат и новите бензинци од 1.4 и 1.6 литри, атмосферски и со турбо натполнење кои се развиени во соработаката меѓу PSA и BMW.
|