|
Suzuki Motor објавува дека става крај на сојузот со Volkswagen и дека бара од германскиот концерн да му го продаде назад делот од купените акци заклучно со месец ноември следната година.

Доколку ова не се случи Suzuki најавува дека работата ќе ја даде на арбитражен суд кој треба да го притисне Volkswagen. Во моментот германскиот гигант има во своја сопственост 19,89% од акциите на Suzuki. Додека Suzuki има 1,5% од акциите на Volkswagen.
„Suzuki го прекинува партнерството со Volkswagen,“ изјави претседателот на бордот на директори и извршен директор на Suzuki, Осаму Сузуки. „Разочаран сум што требаше да донесеме ваква одлука, но однесувањњето на Volkswagen не ни остави избор.”
Договорат за взаемна соработка меѓу двете компании беше склучен во декември 2009 година кога се договорија да разменуваат технологии за електрични и за хибридни автомобили и Suzuki да му помогне на VW да се пробие на пазарот во Индија.
Меѓутоа работите не се одвиваа според очекувањата. Раздорот меѓу двете компании почна во јули кога Suzuki склучи договор со Fiat за испорака на дизел мотори и го обвини VW дека не псоделува технологии
Приказната за раздорот продолжи во септември кога веќе беше јасно дека бракот стои на стаклени нозе и Volkswagen даде одговор на обвинувањата и воедно најави дека сеуште го смета Suzuki за атрактивна инвестиција.
Но, како одговор на ова јапонците побараа да се разведат.
|