|
05.06.2007 |
Nissan го повикува новиот Quashqai во сервис поради три проблеми. Едниот се воздушните перници за глава, вториот се делови од подвозјето, а третиот е бравата на капакот на багажникот.
При отворањето на воздушната перница за глава може да се оштети воздушната перница поради острите рабови на држачот на перницата. Во Европа има 16.482 возила со овој проблем.
Примероците произведени до 7.2.2007 имаат неколку дефекти во конструкцијата на предниот дел од возилото, а возилата од 12.2 до 15.3.2007 во задниот дел од возилото. Како последица од тоа може да се појават проблеми во возните својства.
Возилата опремени со Intelligent Key System бравата на задниот капак може да се отвори самата. Тоа се примероци произведени до 2 март 2007.
|