Get Adobe Flash player
R20 T е најмоќниот Golf
10.02.2009
vw-golf-r20-t-1.jpgНаследникот на Golf R32 пристигнува наскоро и ќе ја носи ознаката R20 T. Иако го менува името, најмоќниот сериски Golf на сите времиња не ја менува ќудта.

Volkswagen го напушта концептот на атмосферски шест цилиндaрец од 3.2 литри со распоред на цилиндрите во V во Golf R32 и се прeфлра на современиот турбо бензинец од 2.0 литри кој остварува повеќе коњски сили.

Со вградување на поголем турбо полнач и измени во електронскиот менаџмент на моторот, дволитарскиот турбо кој работи и во Golf GTI, сега ја подигнува моќноста на 270 коњски сили што е за 20 коњски сили повеќе од моќноста на 3.2 V6 од R32.

И бидејќи новиот мотор е полесен и помалку притиска врз предната оска R20 T ќе има значително подобри возни карактеристики и ќе биде лесен за управување исто како GTI.

Со олкава моќност R20 T фаќа темпо 100 за околу 5 секунди, што е за цела секунда подобро од R32 и само неколку десетици од секундата полошо од BMW M3 со моќниот V8 под хауба.

Максималната брзина на R20 T ќе биде електронски ограничена на 250 km/h, па така тјунерите што ќе успеат да ја тргнат оваа електронска блокада ќе можат да бришкаат значително побрзо од фабричките примероци.

Одговорните во VW наведуваат дека истиот агрегат ќе биде поставен и во спортската верзија на Scirocco која најверојатно ќе ја носи истата ознака R20 T.

Сепак сеуште не се знае дали Golf R20 Т ќе има погон на предните или на сите четири тркала како R32. Со оглед на перформансите втората опција е поверојатна бидејќи ќе придонесе за максимално испорачување на моќните коњи врз асфалтот без загуби.

R20 T ќе може да се добие со две менувачки кутии. Мануелна и DSG, и двете со шест степени на пренос.

Визуелно Golf R20 T се разликува по впечатливиот преден браник со интегриран спојлер и LED за возење дење, маската порабена со две линии, испакнатите арки над тркалата и широките гуми поставени врз леснометалните бандажи со нов дизајн.

Одзади се забележуваат новиот поголем спојлер на кровот и задниот браник со централно поставени две издувни цевки, интегриран дифузор и отвори за одвод на топлиот воздух од сопирачките.

Се очекува R20 T да и биде претставен на јавноста на патеката во Нирбургринг во мај годинава, а продажбата во Германија ќе стартува дури кон крајот на годината.

Прогнозерите велат дека R20 T ќе стартува со цена од околу 27.000 евра за верзијата со три врати, додека верзијата со пет врати би била поскапа за околу 1.000 евра.

Главен конкурент на Golf R20 T е новиот Ford Focus RS со моќност од 300 коњски сили.


 

 

 

Facebook