|
19.11.2007 |
Комапнијата Racer X Design од Малта прикажа
неколку цртежи од една модерна интерпретација AC Cobra 427,
дизајнирана за да ги евоцира спомените и да предизвика емоции како класичната Cobra.
Концептот КС-427 ги превзема дизјанерските смерници од
оригиналот и воедно влече линии кои на автомобилот му даваат многу побрутален
лик од славната икона.
Нејзините мали димензии комбинирани со просторна шасија
од цевки водат до тежина пониска од 1 тон и покрај тоа што под хаубата е
сместен 7.0 литарски V8 превземен од Corvette Z06. Со овој мотор
автомобилот остварува сооднос моќност/тежина од 550 КС/тон.
Се очекува коцептот да биде завршен за една година и како
што прикажуваат цртежите неминовно ќе биде голем хит. Дизајнерското студио веќе
ќе почна да прибира информации за сите што ќе бидат заинтересирани за
автомобилот.
На првите дваесетмина што ќе покажат интерес за
автомобилот ќе им биде понудено први да го добијат КС-427 по стартот
на производството.
Сигурни сме дека автомобилот кој е дизајниран да биде
пред се колекционерски примерок ќе биди достоен украс во гаражата на некој
имотен колекционер на автомобили.
Единствено навиваме готовиот производ да биде олку добар
како што тоа го прикажуваат цртежите.

|