Get Adobe Flash player
Ralliart го затвора дуќанот
15.03.2010

Во официјално обраќање до медиумите и клиентите специјализираната компанија Ralliart соопшти дека престанува со работа од 1 април и има намера да ги преусмери своите дејности во друга насока.

mitsubishi-ralliart-lancer-2010-1

Причина за затворањето на вратите од Ralliart наведуваат опаѓањето на интересот за спортски автомобили на јапонскиот пазар и се пореткиот ангажман на компанијата на полето на рели натпреварите.

Ralliart е спортски оддел на Mitsubishi кој е создаден во 1984 со намера да ја подржува компанијата во нивниот поход на светската рели сцена и поддршка во развој и производство на спортски модели на Mitsubishi кои се дериват од нивните рели верзии.

Последната генерација на модели на Mitsubishi кои доаѓаат од мануфактурата на Ralliart и го носат нивното име се Lancer Ralliart и Sportback Ralliart.

Во соопштението Ralliart не објаснува кому ќе му ги префрли своите сегашни активности околу поодршка на тимовите кои се натпреваруваат во повеќе сфери на релито.

Се претпоставува дека поддршката целосно ќе ја првземе матичната компанија Mitsubishi Motors Corporation. Воедно Mitsubishi ќе ја задржи сопственоста над името и логото на Ralliart и понатаму ќе го користи за именување на спортските модификации на своите сериски модели.

 

 

 

Facebook