Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Range Rover Evoque ја симнува капата
28.07.2011

Инженерите во Land Rover работат на отворена верзија на новиот теренец Range Rover Evoque кој ќе биде поставен на основата на верзијата со три врати и ќе биде уште поатрактивен од купето.

range-rover-evoque-kabriolet-1-2011-1

Одговорните во Land Rover директно ниту ја потврдуваат, ниту пак, ја отфрлаат оваа информација, но велат дека кабриолетот Evoque нема да биде најлудата идеја на марката која ќе се реализира.

Од Land Rover појаснуваат дека има многу идеи за развој на семејството Evoque, а доказот дека ништо не е исклучено доаѓа токму во облик на верзијата на теренецот со три врати што се случува првпат во историјата на марката.

Целта е да се привлечат што поголем број на купувачи со различни вкусови. Оваа шареноликост на понудата на Evoque кој патем има огромни можности за индивидуализација се чини ќе биде крунисана со кабриолет.

Доказ е и верзијата чив ентериер е создаден според идеите на Викторија Бекам. Evoque сеуште не е понуден на пазарот, но и тоа ќе се случи наскоро, а гласините за кабриолет само ја подгреваат фамата.

Впрочем тоа нема да биде единствениот кросовер кабриолет. Nissan веќе го откри својот Murano, го нарече CrossCabriolet и го понуди само на пазарот во САД.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook