Отворената верзија на Bugatti Veyron ќе го понесе
името Targa или пак Spider. Факт е дека прашањето околу името сеуште останува
отворено. Затоа пак се знае колкав ќе биде бројот на произведени примероци.
Иако скептиците одбиваат да веруваат сепак, се чини дека
следната година на автомобилските салони ширум светот ќе можеме да го гледаме
новиот модел на Bugatti со кров што се вади.
Станува збор за точно 80 супер автомобили кои веќе ги
најдоа своите сопственици. Токму така. Автомобилот е купуван на невидено, а со
оглед на ексклузивноста оние што нема да им се допадне лесно ќе можат да го
продадат по многу повисока цена од реалната.
Причината за производство на отворениот модел лежи во
нарачката на мотори. Имено во Bugatti нарачале 400 единици од мамутскиот W16 со четири
турбо полначи, но фабриката на оние што се одлучија за купето заради
ексклузивност им вети дека ќе бидат произведени само 300 примероци.
Дадениот збор неможе да се прекрши барем не во случајот
на Bugatti. Но, ветувањето ја остави компанијата со вишок од 100
мотори кои мораа некако да се потрошат поради екстремно високата цена на
чинење.
Затоа одговорните во Bugatti мораа да
смислат решение кое ќе имаме прилика да го видиме догодина.
Без кровната структура на автомобилот, кој под ламарината
сокрива чудивишни 1001 коњски сили, му се потребни дополнителни измени на подот
и ојачувања за да ја задржи торзиската јакост.
Овие измени не се без цена. Автомобилот станува потежок,
а перформансите се смалуваат, сепак, кога се работи за Veyron овие
забелешки се напотребни.
Кога сме кај забелешките да напоменеме дека сколпливиот
цврст кров по вадењето неможете да го понесете со вас бидејќи нема место во
автомобилот. Тој мора да остане дома, а од дожд не треба да се плашите бидејќи
со електронски ограничените 340 km/h колку што изнасува
максималната брзина на Veyron Tаrga нема дожд што може да ве фати.
|