|
15.10.2007 |
Skoda објави рекордна продажба за првите девет месеци од
годината. Низ цел свет се продадени вкупно 462.429 автомобили што е за 12,6
проценти повисоко од било кога досега.
Септември е најуспешниот месец за Skoda
во последните 16 години, а се продадени вкупно 56.384 автомобили.
Во деветте месеци од годинава најпродаван модел на Skoda
e Octavia со повеќе од 169.000 продадени автомобили, а според директорот за продажба
на Skoda одлично се продава и новата Fabia.
Пријатно изненадување за Skoda е што
најголем предизвикувач на растот на продажбата е моделот Roomster со
продадени 47 илјади автомобили од почнувањето на продажбата до крајот на
септември.
Најмногу автомобили Skoda продала во
Европа 316.000 од кои 249.000 во западно европските земји, а малку повеќе од
67.000 во земјите од Источна Европа.
Интересно е што Skoda постигна голем
продажен успех и во Кина каде за само три месеци се продадени над 14.000
автомобили.
|