Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Расте продажбата на нови возила во Европа
06.10.2009
prodazba-novi-avtomobili-1.jpgСе чини дека Европа полека се опоравува од рецесијата и работите почнуваат да се движат по нормален тек. Доказ меѓу другото е и наглиот раст на продажба на нови автомобили.

Интересно е што дури и по завршувањето на програмата за потпомагање на купувачите кои добиваа привилегии ако го вратат стариот автомобил при купувањето на нов, продажбата продолжува да расте.

Многумина експерти сметаа дека растот на продажбата се должи само на наведената програма и дека со нејзиното завршување ќе престане и продажбата на нови автомобили. Но, тоа не се случува. Напротив.

Програмата заврши на почетокот на септември, но продажбите според германската асоцијација на автомобилски производители VDA продолжуваат да растат со високо темпо.

Од почетокот на годината до крајот на месец септември само во Германија се продадени околу 3 милиони нови автомобили. Што значи скок на продажбата од 26% во споредба со истиот период лани.

Само во текот на месец септември во Германија се продадени преку 316.000 автомобили што е раст од високи 21% во споредба со истиот месец минатата година кога рецесијата беше во полн ек.

Секако растот на продажбата важи за цела Европа. Примери има насекаде. Во Италија во септември се продадени околу 190.000 нови автомобили што претставува раст во продажбата за 6,8% во споредба со септември 2008.

Франција забележала околу 180.000 продадени нови возила во септември раст од 14,1% во однос на истио месец 2008, додека Шпанија може да се пофали со продадени 77.374 нови возила раст од 18% во споредба со септември 2008.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook