|
Hyundai со објавување на првата фотографија ја најавува светската премиера на Sonata Hybrid закажана за 31 март на салонот во Њујорк која ја одликува дизајн различен од оној на конвенционалниот модел.

Посебниот дизјан на Sonata Hybrid ќе биде најпрепознатливата точка на првиот автомобил на светот во кого сериски ќе се вградуваат литиум-полимер акумулаторски батерии и ќе го напојуваат електромоторот со моќност од 41 КС.
Електромоторот ќе биде спарен со 2.4 литарски четири цилиндричен атмосферски бензинец од генерацијата Theta II на Hyundai. Моторот има директно вбризгување и нуди ниска потрошувачка од 6,7 L/100 km во просек која во Sonata Hybrid ќе биде дополнително нагласена.
Сето ова се информации кои се очекуваат кај Sonata Hybrid иако официајлна потврда за нејзината технологијата сеуште нема. Но, се очекува дека хибридниот систем ќе биде сличен на системот претставен во концептите Blue-Will и i-Flow.
Стандардната Sonata од новата генерација која годинава влегува во понудата на Hyundai на пазарот во САД како моделска година 2011 доаѓа со два атмосферски бензинци од 2.0 и 2.4 литри.
Послабиот остварува 165 КС при 6.200 врт/мин и вртежен момент од 198 Nm при 4.600 врт/мин. Помоќниот бензинец има 198 КС при 6.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 228 Nm при 4.000 врт/мин. Снагата се пренесува преку шест степен мануелен или автоматски менувач.
Новата Sonata е автомобил долг 4.820 mm, широк 1.835 mm и висок 1.470 mm со меѓуоскино растојание од 2.795 mm и трага напред/назад 1.597 mm.
Hyundai сеуште ги сокрива податоците за перформансите, но затоа не ја сокрива цената која во САД стартува од 19.195 долари.
Во галеријата се фотографии од конвенционалната верзија на Sonata.
|