Renault го претстави новиот Clio минатиот
месец и одлучи дополнително да ја загрее атмосферата набрзо претставувајќи ја и
неговата спортска верзија која дебитираше во Женева.
Интересно е што под лутата каросерија се сокрива техника
која во многу нешта наликува на својот поголем брат Megane RS, но секако
во еден пакет кој е значително покомпактен.
Моторот е комплетно ист, но без турбо полнач. Всушност и
снагата е малку придушена и затоа Clio RS пакува само 200 КС
при високи 7.100 врт/мин и има вртежен момент од 215 Nm при исто
така високи 5.400 врт/мин.
Без оглед на помалата моќност Clio RS сеуште
успева да достигне сооднос тежина/снага од 166 КС на 1 тон што е доволно за
спринт до 100 km/h за помалку од 7,0 секунди и максимална брзина од 227 km/h.
Како кај Мegane RS, Clio RS исто така нуди две
опции. Стандард и Cup. Секако вторава е поспортска и е полесна за 36 kg и го
жртвува комфорот на име спортски возни својства.
Тука е и аеродинамичниот пакет кој успева да го залепи Clio
RS за асфалт при високи брзини и вклучува проширени крила, нов преден браник
со интегриран спојлер, отвори во предните крила за одвод на врели гасови кои ги
ослободуваат моторот и сопирачките, нов заден браник со интегриран дифузор и
спојлер на кровот.
Сопирачката сила доаѓа од погоните на Вrembo, а
големите дискови и сопирачки клешти се сокриваат зад леснометални бандажи од 17
инчи обуени во гуми со ширина од 215 mm.
За да се подобри лежењето на пат, стабилноста и
управливоста Clio RS нуди значително поширока трага од својот обичен брат, но
и поголемо меѓуоскино растојание. Напред трагата е проширена за 48 mm, а назад
за цели 50 mm. Меѓуоскиното растојание е подолго за 10 mm.
Внатре продолжува уредувањето со спортски кади од Recaro, место
предни седишта, кои доаѓаат во три бои жолта, сребрено сива и антрацит, педали
од лауминиум и секако беџот на RenaultSport на бројачот на вртежи, праговите и предните седишта.
Без оглед на спортски аспирации на Clio
RS кои зрачат од секоја пора на автомобилот дури повеќе и одколку кај
големиот брат Megane RS, малечкиот спортист на Renault сеуште
пристојно штедлив со во просек потрошени 6,8 L/100 km и емисија
на СО2 од 195 g/km.
Комерцијализацијата на Clio RS се очекува
наскоро и најверојатно ќе се случи паралелно со онаа на Megane
RS, па така љубителите на споретските модели на марката ќе можат да го
изберат својот тркач во зависнот од афинитетите.
Дали сакаат моќен турбо, или пак, ќе уживаат во високите
вртежи на атмосферскиот бензинец.
|