Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault - Dacia го обнови Logan
09.07.2008
dacia-logan-1.jpgОбновената Dacia Logan официјално треба да биде претставена пред светската јавност на 15 јули, но првите детали и фотографии се достапни веднаш.

Целта е да се анимира публиката и на потенцијалните купувачи да им се покаже што да очекуваат од обновениот модел. Ова е прв фејслифт на Logan од неговото претставување во 2004.

Тоа значи дека Logan без измени успешно се продава веќе четири години, што претставува огромен успех за романската Dacia која работи под капата на Renault. Бројката на продадени примероци за овој временски период изнесува повеќе од 700.000 што е за респект.

Редизајнираниот Logan сега има позаоблена каросерија која го прави попривлечен, плус тука е и новиот профил на капакот на багажникот кој завршува како мал спојлер.

Автомобилот поради новите браници и напред и назад сега е подолг за 40 mm. Впечаток оставаат и набабрените арки над тркалата кои складно се претопуваат во предниот и задниот браник.

Нови се и предните и задните светла, но и внатрешноста која претрпела голем број на измени. Тука е новиот волан, редизајнираната арматура со инструменти кои лежат на бела подлога. Најголемите измени се направени на облогите на вратите кои сега делуваат многу посериозно.

Добро е што конечно во Dacia одлучија да се тргнат на страна од тврдата, сива и безлична пластика. Ваквиот потег говори за сериозноста со која се пристапило кон подобрување на романскиот бестселер.

Кога сме кај новините нов е и беџот што ја краси предната маска и капакот на багажникот.

Моторната понуда останува не сменета. Тука се бензинците од 1.4 и 1.6 литри кои остваруваат 75 и 90 коњски сили и спортскиот 1.6 16V со 105 коњски сили. Дизелите внесуваат мала новина. 1.5 литарскиот dCi од сега ќе се добива во две верзии со постоечките 70 КС и со 85 коњски сили.

Иако станува збор за истите агрегати, сепак, модернизацијата минала и преку нив. Тие се сега поефикасни и поекономични и што е најважно далеку поеколошки.

Рестилизираниот Logan наскоро ќе се појави во продажните салони, но од Dacia сеуште нема најава за неговата цена. Односно дали цените остануваат на ниво како до сега или ќе се очекува мало поскапување.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook