|
18.05.2007 |
Во следните три години Renault ќе го удвои производството во Русија на 160.000 возила годишно за да го задоволи интересот на растечкиот руски пазар.
За таа цел претпријатието ќе инвестира 150 милиони американски долари во проширувањето на фабриката Avtoframos во близина на Москва. До средината на 2009 година таму ќе се отворат нови 1.000 работни места. Производствениот погон што беше отворен во 2005 година, покрај лимузинскиот Logan, во иднина ќе ги произведува и другите каросериски изведби на романскиот евтин модел. Градот Москва ги отстапува површините за проширувањето на производствениот погон и планира да организира добавувачки парк.
Со продажбата од 72.000 возила во 2006 година Renault постигна пазарно учество од 7,7 проценти. Во првите четири месеци од годинава марката веќе продаде 28.000 возила што е за 71 процент над истиот период лани. Со 20.000 примероци од почетокот на годината Logan e најпродавана странска лимузина на рускиот пазар.
|