Get Adobe Flash player
Renault Fluence наменет за Источна Европа
01.09.2009
renault-fluence-2010-1.jpgRenault на пазарот којшто го сочинуваат источно европските земји пушта нов седан направен на основата на актуелната генерација на Megane. Автомобилот ќе се продава под различно име Fluence.

Според експертите за маркетинг во Renault, но и според она што до сега го знаеме стратешки овој модел најмногу ќе одговара на пазарот во Русија, Турција и во државите од Источна Европа.

Производството стартува кон крајот на годината во фабриката на Renault во Бурса, Турција каде што се произведуваше претходната генерација на Megane Sedan, но и на комби верзијата на Megane.

Иако во основа Fluence треба да го наследи Megane Sedan, неговите димензии се значително поголеми. Fluence во должина мери 4.620 mm, широк е 1.809 mm, а висок 1.479 со меѓуоскино растојание од 2.702 mm што повеќе одговара на возилата од средна класа бидејќи една Toyota Avensis има меѓуоскино растојание од 2.700 mm.

Покрај значително растегнатите димензии Renault со Fluence тргнува во нов смер. Новиот модел без оглед што е поставен на основата на Megane не го наследува и дизајнот на предниот дел како претходникот.

Fluence делува како сосем нов автомобил со нова предна маска, нов браник и предни светла, нова хауба и крила. За успешноста на дизајнот сега нема да коментираме, но факт е дека автомобилот е различен.

Задникот сокрива бункер со волумен од 530 литри, еден од најголемите во класата, кој дополнително може да порасне со преклопување на задната клупа деллива во сооднос 60:40.

Кабината пак е идентична со онаа на новиот Megane. Единствено патниците на задната клупа ќе уживаат во повеќе простор за нозете. Интересно е што и опременоста на Fluence ќе биде на ниво со Megane.

Во понудата стои и системот за навигација Carminat TomTom со екран од 5,8 инчи кој е развиен во соработка со Renault и чини помалку од 500 евра. Renault заедно со Arkamys го разви и одличниот аудио систем со 3D звук што доаѓа од осум звучници, четири вуфери и четири твитери и моќност од 140 W.

Fluence ги носи истите мотори од Megane. Бензинците од 1.6 литри со 110 КС и 2.0 литри со 140 КС и дизелот dCi од 1.5 литри со моќност од 85 КС, 90 КС DPF, 105 КС и 110 КС DPF.

Поврзано со моторите е и продолжениот интервал за менување на маслото дел од стратегијата на Renault за намалување на трошоците за одржување. Од тука бензинците бараат замена на маслото на секои 30.000 km или секои две години, а за дизелите важи интервалот од 20.000 km или еднаш годишно.

Покрај конвенционалните модели кои доаѓаат на пазарот наскоро од Renault најавуваат дека на основата на Fluence од 2011 ќе се произведува и електро автомобил наменет за пазарот во Европа.

 

 

 

 

Facebook