|
Renault одлучи на пазарите во Полска и во Русија да ја понуди специјалната изведба на омилениот седан Fluence наречена Sport Way која за првпат беше прикажана како концепт пре две години.

Концептот сега станува реалност, но само за купувачите во овие две држави. Како и да е барем некој ќе ужива во спортскиот имиџ на семејниот седан. Сепак, измените се однесуваат само на визуелниот настап.
Дизајнерите на Renault на Fluence Sport Way му поклониле агресивен браник со остри завршетоци меѓу кои се сокрива спојлер. Тука е и хромираната маска, а од страна е поставен дополнителна пластична заштита на праговите и вратите.
Агресивниот настап завршува со задникот кој исто така носи нов браник со дифузор во средина и отвори за одвод на врел воздух од сопирачките. Украсувањето го надополнува интегрираниот спојлер во капакот на багажникот, а завршува со специјално дизајнираните леснометални бандажи од 17 инчи.
Кабината е освежена со детали од четкан алуминиум, кожата на воланот, рачката од менувачот и рачната сопирачка е прошиена со црвени шевови, а место аналоген дигителен брзиномер како во Megane RS.

Тука е и богатата опрема како 6 воздушни перници, двозонски автоматски клима уред, темпомат, светла за магла, сензори за дожд и светло, ксенон светла со прскалки, напреден аудио систем и секако навигација TomTom.
Renault го нуди Fluence Sport Way со два мотори турбо дизелот 1.5 dCi со 110 КС и мануелен менувач со шест степени и бензинецот 2.0 со 140 КС и исто така со мануелен менувач со шест степени.
Цената за 1.5 dCi стартува од околу 18.300 евра, додека мануелниот бензинец е нешто поевтин и почнува со цена од околу 17.100 европски банкноти.
|