Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault Fluence Z.E. и Kangoo Express Z.E.
16.04.2010

Renault и официјално ги претстави своите први електрични автомобили Fluence и Kangoo Express само неколку дена по обајвување на информацијата дека иднината е поблиску отколу што се мисли.

renault-fluence-ze-2010-2

Плановите на Renault се остваруваат и сериските автомобили од електричната серија Z.E. веќе стојат како понуда, но не само за купувачите од западно европските држави како што беше најавено.

Сепак аспирациите на Renault се поголеми и серијата Z.E. ќе ги минува границите на Западна Европа и полека ќе се рашири низ цел свет.

Имено од Renault потврдуваат дека нарачките за Fluence Z.E. и за Kangoo Express Z.E. ќе бидат отворени и за купувачите од Израел, а понатаму мрежата ќе се шири и во Русија, Јужна Африка, Јужна Америка, Сигапур...

Иако продажбата стартува на средина на 2011 списоците за нарачки се отворени од денешен ден 16. април 2010.

Renault Fluence Z.E. ќе се произведува во погоните на фабриката OYAK-Renault во турскиот град Бурса каде што се склопува и конвенционалната верзија на седанот Fluence. Електричниот Fluence е подолг од својот обичен брат за 130 mm и во должина мери точно 4.750 mm.

Разликите се воочуваат и во надворешниот дизајн. Инсертот во предната маска, веѓите на предните светла и рамката околу светлата за магла се обоени во синкаста боја, а отворот за приклучување на електрична мрежа е поставен во десното предно крило.

Разликата е најголема во задниот дел кој е издолжен за да може да се сместат батериите и пак да остане простор за багажник со волумен од 300 литри. Батериите се поставени веднаш зад задните седишта.

Дизајнот на задникот со накосеното задно стакло и долгиот капак на багажникот  наликува на купе, а стилот е нагласен со црната лента во подножјето на задното стакло и впечатливите задни светла кај кои се повторува синкастото окружување.

Fluence Z.E. го задвижува синхрон електричен мотор со моќност од 94 КС при 11.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 226 Nm. Електромоторот тежи 160 kg и се напојува од литиум-јонски батерии со капацитет од 22 kW/h и тежина од 250 kg.

Автономијата на Fluence Z.E. изнесува 160 km, додека максималната брзина е електронски ограничена на 135 km/h. Приклучени на стандардна електрична мрежа со напон од 220 V и јачина од 10 А или 16 А батериите го постигнуваат максималниот капацитет за 8 односно 6 часа.

Доколку се користи станица за брзо напојување со напон од 400 V и јачина на електричната струја од 32 А тогаш за полнење се потребни само 30 минути оваа моќност ќе биде на располагање кај одредени Z.E. модели од 2012 или 2013.

Предноста на зелениот проект на Renault кој се развива во соработка со државите во Европа и ширум светот се QuickDrop станиците во кои корисниците ќе можат да ги заменат батериите со нови свежно наполнети.

Овој проект првично ќе стартува во Франција и Израел и понатаму ќе се развива низ уште 50 држави ширум светот со кои Renault има потпишано договори.

Товарниот Kangoo Express Z.E. ќе го започне својот животен век паралелно со седанот Fluence Z.E.. Тој ги задржува предностите на својот конвенционален брат и нуди товарен простор со зафатнина од 3 до 3,5 метри кубни и носивост од 650 kg.

Кај него батериите се поставени центрлано во шасијата под подот со што не се нарушува обликот на товраниот простор. Капацитетот на литиум-јонските батерии кај Kangoo Express Z.E. е ист како и кај Fluence Z.E..

Електромоторот затоа има помала моќност од 59 КС остварлива при 10.500 врт/мин и константен вртежен момент од 226 Nm. Максималната брзина на Kangoo Express Z.E. исто така е електронски ограничена, но на 130 km/h со задржување на автономијата од 160 километри.

Дизајнот на Kangoo Express Z.E. малку се разликува во однос на конвенционалниот модел. Најголемата разлика се препознава во предниот дел каде што е поставен отворот за приклучок на електрична енергија.

Паралелно со претставувањето на Fluence Z.E. и на Kangoo Express Z.E. Renault ja лансираше посебната интернет страница www.renault-ze.com.

Renault Fluence Z.E.

Renault Kangoo Express Z.E.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook