Renault започна преговори со Ford за купување
на шведскиот производител на автомобили Volvо. Ford веќе ја
најави продажбата на Volvo, но неможеше да најде соодветен купец.
Двете компании ги започнале преговорите пред крајот на
минатата година, но не успеале за кусо време да постигнат зделка. Работата
запнала околу цената.
Сепак, ништо не е завршено, преговорите продолжуваат
бидејќи се чини дека интересот на Renault за Volvo е голем.
Всушност ова не е првиот обид на францускиот производител да ја купи шведската
премиум марка.
Имаше обид уште во1993 кога двете компании беа пред
соединување, но дел од акционерите обединети тогаш под капата на Шведската
асоцијација на акционери во Volvo, ја спречија зделката прогласувајќи ја штетна за Volvo.
Во принцип, на соединувањето на Renault и на Volvo би можело
да се гледа како на природна работа, бидејќи двете компании се надополнуваат и
никако не си пречат при пласирање на своите производи на пазарот.
Имено Renault е масовен производител познат по малите и автомобили од
средна класа, додека Volvo се води како премиум марка и е познат по произведство на
големи и луксузни модели.
Стартот на преговорите за купување на Volvo воедно го
објаснува потегот на Renault замрзнување на проектите за нови луксузни модели од
повисоките класи.
Колку долго ќе траат преговорите не се знае. Се чини дека
Ford е многу внимателен при одбирањето на нови сопственици за
своите марки. Сепак, можно е, пријавувањето на загуба во Volvo од 1.5
милијарди долари заради економската криза да го забрза процесот.
|