Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault го освежува Megane
10.01.2012

Renault во новата 2012 година влегува со освежување на гамата на Megane со чија помош францускиот компакт треба да се задржи на врвот како најпродаван модел во гамата на производителот.

renault-megane-1-2012-1

Освежениот Megane нуди стилски новини кои најмногу се однесуваат на предницата која станува помодерна и во себе вкомпонирува светлечки диоди за возење дење и на новата линија на леснометални бандажи.

Внатре новините се околу вградувањето на нов нов аудио систем со интегрирани функции и користење на поквалитетни материјали за поставување на седиштата како комбинација од кожа и алкантара.

Од напредните системи, пак, новина е автоматска контрола на светла кои само префрлаат од долго на средно светло при разминување со друго возило, а тука е и системот кој предупредува при напуштање на коловозна лента.

renault-megane-2-2012-1

Најмногу новини има под хауба каде работи модернизираниот суперекономичен турбо дизел од 1.5 литри сега именуван како Energy dCi со 110 КС и 260 Nm кој во просек троши 3,8 l/100 km.

Energy dCi 110 ја користи технологијата на новиот 1.6 литарски Energy dCi 130 кој како што вели ознаката испорачува 130 КС и 320 Nm, а беше претставен минатата година и воведен во продукција.

Од бензинеците новина претставува новиот Energy TCe кој од зафатнина од 1.2 литри извлекува 115 КС и вртежен момент од 190 Nm и во просек троши 5,3 l/100 km. На зависниците од октани најмногу ќе им се допадне следново:

renault-megane-3-2012-1

Renault Sport го модернизира и 2.0 литарскиот турбо кој работи во Megane RS. Така новиот Megane RS ќе профитира од зголемената моќност на 265 КС и максималниот вртежен момент од 360 Nm.

Продажбите на обновениот Megane во Европа треба да стартуваат од месец март.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook