Од претставувањето на новата трета по ред генерација на Megane, фановите
на марката и на спортските верзии што доаѓаат од Renault Sport со
нетрпение го очекуваат RS.
Конечно и тоа се случи. Во Женева Renault
ја крена завесата од новиот Megane RS. Наследникот на
популарниот и брзиот Megane R26 го покажа своето
лице и што е уште поважно стартува со продажба во април.
Како што веќе беше најавено, новиот Megane
RS под хаубата во основа ќе го задржи познатиот 2.0 литарски турбо безинец кој
во оваа прилика ќе остварува 250 КС и максимален вртежен момент од 340 Nm.
Максималниот вртежен момент се остварува на 3.000 врт/мин,
додека 80% од вредноста е расположива уште на 1.900 врт/мин што е предуслов Megane
RS да остварува одлични меѓу забрзувања.
Снагата се пренесува на предните тркала преку шест степен
мануелен менувач. Сетапот на супензијата е подеднакво ист како кај R26. И како и
претходникот и RS се нуди со два типа на шасија стандардна и Cup.
Верзијата Cup доаѓа со
самоблокирачки диференцијал заради рамномерно распоредување на вртежниот момент
на подлогата во случај на пролизгување на некое од погонските тркала со што
значително се подобруваат возните карактеристики и управувањето.
Megane RS доаѓа со сериски вградена електронска
контрола на стабилноста ESP заради подигнување на безбедноста на пат, но оние што ќе
сакаат да го возат RS на патека и во целост да уживаат во неговата сурова
природа ќе можат да го исклучат.
Системот за сопирање во Megane RS го
потпишува Brembo, носи ковани леснометални бандажи со пречник од 18 инчи,
централно поставен издув, дифузор во задниот браник, спојлер на кровот,
странични завеси и сплитер во предниот браник кој потсетува на линијата на
предното крило на болидот во Формула 1.
Внатре возачот и совозачот седат во тркачки кади дело на Recaro, уживаат
во кожениот ентериер, стапалата притискаат врз педали од алуминиум, а очите ги
полнат беџовите на RenaultSport расфрлани низ кабината.
Цената сеуште не е објавена, но би требало да биде на
ниво на R26.
|