Renault им нуди на корисниците на интернет нов начин на продажна
комуникација со креирањето на Renault Universe, првиот комплетен 3D
автомобилски портал.
Порталот е надоградба на интернет страницата на Renault,
www.renault.fr и може да се посети на адресата www.univers.renault.fr. Најновите
истражувања потврдуваат дека безмалку 80% од купувачите најпрво проверуваат на
интернет пред да појдат кај некој дилер за да купат нов автомобил. Затоа во Renault одлучиле
целата своја гама да им ја понудат на купувачите во вид на виртуелен салон.
Ова е уште еден современ пристап кон начинот на кој
производителот сака да им се обрати на купувачите и да им понуди квалитетен
сервис и да се осигура дека се добро информирани пред да се одлучат да купат
нов автомобил.
Renault Universe овозможува виртуелна презентaција на
марката и на секој модел посебно. Виртуелниот универзум покрива неколку
области: салон со специјални визуелни и звучни ефекти за секој модел, дел за
финансискиот аспек при купувањето и дел посветен на посебни настани.
Презентацијата опфаќа и комплетни технички информации за
секој модел, воедно предвидено е и сите тековни акции да бидат поставени и на
интернет страната.
При креирањето на Renault Universe
дизајнерите посветиле големо внимание да биде пријателски и забавeн за
користење и соодветно да одговори на потребите на корисниците.
Паралелно со обновувањето на интернет страницата Renault
лансираше и нова верзија на www.renault.com.mk прилагодена
според сопствените стандарди со претставување на моделите во 3D, совети,
продажба, споредба на модели, финансиска конструкција, брошури.
|