|
13.10.2009 |
Не е толку далеку моментот кога од производствените ленти
на рускиот гигант AvtoVAZ ќе почнат да се симнуваат модели на Renault и на Nissan.
Секако ова не значи дека Lada заминува во заборав.
Според плановите на групацијата Renault Nissan и одговорните во AvtoVAZ производството на моделите од француско – јапонскиот конгломерат треба да
стартува во 2012.
Ова го потврдува и претседателот на руската групација AvtoVAZ, Игор Комаров.
Тој воедно истакнува дека преговорите завршиле и дека е
потпишан договор за подигнување на нов производствен капацитет според
спецификациите на Renault
и Nissan.
Поголемиот пакет на инвестиции паѓа на терет на Renault Nissan. Имено три четвртини од вкупните средства ќе ги обезбеди француско –
јапонската алијанса, додека една четвртина ќе инвестира AvtoVAZ.
Ова е само дел од стартот на подлабока и подолгорочна
соработка на групацијата на Renault
Nissan со AvtoVAZ кој покрај финансиската помош ќе добива и
модерна технологија и лиценци за производство на новите модели на Renault Nissan.
Се очекува дека покрај моделите на Renault Nissan во новите производствени капацитети AvtoVAZ по лиценца ќе произведува нов модел од компактната класа кој ќе биде
поставен на постоечка платформа.
|