Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault Kangoo Be Bop
20.10.2008
renault-kangoo-be-bop-1.jpgRenault ја проширува својата гама на микро ванови додавајќи го во Париз новиот член Kangoo Be Boр. Малечкиот ван всушност претставува влез на Renault во сегментот лајфстајл.

Kangoo Be Bop е поставен на скусена платформа на актуелниот Kangoo. Нуди голема стаклена кабина која дополнително го зголемува чувството на пространост и четири места за седење.

Дизајнот на Be Bop е препознатлив бидејќи се задржани елементите што го красат и обичниот Kangoo. Напред доминира кусата хауба со светла во форма на капка свртена удолу и стрмо издигнато големо поредно стакло кое обезбедува многу светло во кабината и добра прегледност.

Разликата во однос на поголемиот брат се забележува од страна каде место две стои една врата. Ве Вор е покус и мери помалку од 4 m во должина, но затоа каросеријата е подигната за 20 mm од земја во однос на оригиналниот Kangoo.

Подигнатата каросерија, испакнатите арки над тркалата, масивниот преден браник и црната подлога на предните светла прават Ве Вор да личи многу поробусно, поради што, во Renault очекуваат да ја привлечат помладата публика која орбитира во урбаните средини, но води активен живот што носи и надвор од градските улици.

Внатре поголемиот дел од ентериерот е сличен на Kangoo, но Be Bop нуди неколку практични и индивидуални елементи. Пред се тука е кровот со стаклени површини кои овозможуваат кабината да биде преплавена со светлина.

Плус тука е и лизгачката задна врата, поточно, стаклениот дел од вратата, кој лизга угоре и овозможува возење под отворено небо.   

Понатаму задните седишта се поставени малку повисоко со што се овозможува и патниците одзади да имаат добар поглед на патот. Пристапот до задната клупа се одвива на два начини. Првиот е вообичаен преку страничните врати по лизгањето на предните седишта, а вториот е преку задната врата спровирајќи се меѓу задните седишта.

Инженерите во Renault веруваат дека ова ќе биде омилен начин за влегување пред се на децата. Но, не ги исклучуваат и возрасните кои постојано сакаат да испробуваат нови нешта.

Под хаубата на стартот од продажбата ќе работат два мотори. Дизелот на Renault, 1.5 dCi кој ќе биде на располагање со моќност од 85 и 105 коњски сили и е спарен со шест степен мануелен меувач. И бензинец од 1.6 литри кој како и помоќната дизелска изведба на предните тркала ќе испорачува 105 коњски сили.

Комерцијализацијата на Kangoo Be Bop се очекува на пролет 2009.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook