Get Adobe Flash player
Renault Laguna Coupe
26.05.2008
renault-laguna-coupe-1.jpgДолго очекуваното купе на Renault конечно се појави пред очите на јавноста. Станува збор за медиумска презентација за која веруваме дека ќе ги одушеви автомобилските вљубеници.

Светската премиера Renault Laguna Coupe треба да ја доживее на салонот во Париз, но она што го имаме сега во вид на информации треба да ни покаже што да очекуваме на есен.

Најинтересн детал од секој автомобил се моторите. А Renault има со што да се пофали во овој случај. Врвот од понудата во Laguna Coupe го сочинуваат моќните V6 дизел и бензинец.

Дизелот dCi од зафатнина од 3.0 литри со помош на турбо полнач и директно вбризгување истискува импресивни 235 коњски сили, но во случајов не станува збор само за моќност. Моторот на Renault може да се пофали со најчиста емисија на издувни гасови во својата категорија.

Бензинецот пак нуди малку повеќе коњи и од 3.5 литри распоредени во шест цилиндри во конфигурација V вади 240 коњски сили. Со големата моќност и кај двата мотори одат спортскиот изглед на купето кое става акцент на извонредната возна динамика дело на управувањето со сите четири тркала.

Laguna Coupe лежи на тркала од 17 и 18 инчи има кратки превиси, поширока трага од лимузината и нуди извонредна управилвост  како во долги брзи свијоци, така и во спори куси свијоци и при маневрирање во град.

И дизелот и бензинецот се врзани со нов шест степен автоматски менувач кој со тесно распоредените преносни односи нуди извонредно забрзување кое до 100 km/h би требало да трае под 7 секунди и кај двете верзии.

Покрај двата моќници Laguna Coupe треба под хаубата да ги понесе и останатите мотори што веќе работат во лимузината од 1.6 литарскиот бензинец со 112 коњски сили до 2.0 литарскиот турбо со 204 коњски сили.

За сега тоа е се што се знае за Laguna Coupe, подетални информации како што рековме очекуваме на салонот во Париз, но ова не значи дека заинтересираноста за автомобилот застанува тука. Секоја нова информација до светската премиера ќе биде детално разгледана и проследена.


 

 

 

Facebook