Renault го открива знаменосецот во моделската понуда на Laguna, моделот Laguna
GT пред светската премиера која треба да се случи на салонот во Женева
следниот месец.
Заедно со Laguna GT дебитира и
системот за управување со сите четири тркала кого во Renault го
нарекуваат 4WS Active Drive, но и двата високо префромансни
мотори 2.0 литарскиот дизел dCi со 180 коњски сили и 2.0 литарскиот турбо бензинец со
205 коњски сили.
Интересно е што сега сестринската марка на Renault,
Nissan во деведесетите исфрли на пазарот неколку модели со управување на четири
тркала, но скапиот механизам и дополнителната тежина на сметка на малата
редукција на подуправувањето не ги освои купувачите.
Денес во Renault велат дека старите проблеми се надминати и дека новиот
систем нуди прецизност, брз одговор на автомобилот на желбата на возачот да го
смени правецот и ја зголемува маневрибилноста.
Тајната лежи во постојаното надгледување на системот од
компјутерска единица, која ги бележи брзината на возилото и тракцијата секои 10
милисекунди и соодветно го поддесува аголот на задните тркала.
Laguna GT во однос на обичниот модел се разликува по новата хауба,
новите браници и предна маска, големиот отвор за воздух во предниот браник
заедно со двете шкрги и предните светла со темна основа.
На ново дизајнираните леснометални бандажи од 18 инчи се
поставени гуми Bridgestone Potenza со ширина 225, а
во нив се вртат вентилирани дискови со пречник 320 милиметри напред и 300
милиметри назад кои обезбедуваат доволно сопирачка сила.
Останатите детали кои укажуваат дека станува збор за
спортски модел се лакираните црни ретровизори, задимените задни светла, потоа
седиштата преслечени со алкантара, бушените алуминиумски педали, рачката од
менувачот која завршува со спортка топка од полиран алуминиум и нов волан.
Истакнувањето на сојот кому му припаѓа овој модел
завршува со логото GT извезено во попирачите од предните седишта.
|