Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault Megane 2009 конечен изглед
01.09.2008
renault-megane-2009-1.jpgНовата генерација на Renault Мegane, поточно верзијата со пет врати се појави сосем неочекувано на еден месец пред светската премиера која е закажана за салонот во Париз во октомври.

Станува збор за протечена информација која некако успеала да им падне во раце на шпанските колеги од интернет страницата km77 по што фотографиите од стого чуваниот автомобил веќе го обиколуваат светот.

Информацијата им протекла на вработените во Европскиот центар за патенти заштита на трговски марки. На фотографиите се забележува дека новиот Renault Мegane дели многу сличности со концептот Renault Megane Concept, но и со новата Laguna.

По премиерата во Париз, Renault планира покрај верзијата со пет врати набрзо да го претстави и спортското купе со три врати, но и верзија со поголемо меѓуоскино растојание на која најверојатно ќе бидат поставени седан и комби.

Како и до сега подетални информации околу механичка нема. Под хаубата ќе работи актуелната генерација на мотори, но со низа на подобрувања. Значи дека на почеток треба да се очекуваат мотори со зафатнина од 1.6 до 2.0 литри.

Најавениот 1.4 литарски бенизнец со турбо натполнење како и малечкиот турбо бензинец од 1.2 литри TCE кој веќе работи во Clio ќе дојдат подоцна. Љубителите на дизели пак ќе се возат со познатите dCi турбодизел агрегати.

Според најавите во Renault новата генерација на Мegane, поточно комбилимузината со пет врати, ќе стартува со продажба набрзо по затворање на салонот во Париз.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook