|
05.03.2008 |
Намената на коцептот Renault Megane
Coupe е опипување на пулсот пред претставувањето на
сериската верзија на новото мало купе на Rеnаult кое треба
да се појави до крајот на 2008.
Под футуристичката каросерија се крие 2.0 литарски турбо
бензинец со 200 коњски сили и вртежен момент од 280 Nm
расположиви уште од 2.600 вртежи. Моќноста се пренесува на предните тркала
преку шест степен мануелен менувач.
Перформансите се пристојни со забрзување до темпо 100 за
7,2 секунди, потрошувачка од просечни 6,5 литри и емисија на СО2 од 154 g/km.
Инженерите ветуваат дека сериската верзија благодарение на потесните гуми и
помали тркала ќе биде уште поекономична. Renault Megane
Coupe стои на тркала од 21 инчи обуени во гуми со ширина 245.
Високата технологија најмногу се огледува во кабината
каде на располагање стои мултимедиа системот со кој се управува преку touchscreen LCD и ги
поврзува аудио системот, навигацијата и мобилниот телефон.
Овој систем воедно овозможува автомобилот да се
заклучи/отклучи и стартува преку мобилниот телефон Samsung F700. Samsung исто така
го испорачува и мултимедијалниот плеер Р2 исто така со touchscreen LCD за
патниците одзади кои можат да разменуваат податоци со МР3 и Bluetooth.
|