Неполн месец по претставувањето на новата, трета по ред,
генерација на Megane, Renault во Париз ја прикажа и спортската верзија со три врати
едноставно наречена Megane Coupe.
И покрај звучното име Coupe во Rеnault
одлучиле да не одат во насока на класичен GT со две
врати туку се задржале на практичната страна на автомобилот кој воедно е
конструиран да пружи и голема доза на задоволство на сопственикот и секому
што ќе седне зад волан.
Без оглед на верзијата и берлината со пет врати и купето
ја делат истата платформа каде суспензијата се состои од опружна нога од типот McPherson напред и торзиска
оска одзади со еластични елементи кои дозволуваат контролирано поместување на оската со
што се подобрува лежењето на пат и стабилноста на задникот во свијоци.
Инженерите во Renault уверуваат дека
постигнале ефект на мултилинк задна оска по значително пониска цена. Плус Megan
Coupe стои за 12 mm поблиску до подлогата и носи поцврсти пружини и
амортизери со што дополнително се подобрени возните својства.
Иако спортски ориентиран под хаубата на Megane
Coupe работат истите мотори како кај берлината. Бензинците од 1.6 литри
со 100 и 110 коњски сили и 2.0 литарецот со 140 коњски сили.
Дизелската понуда се состои од 1.5 и 2.0 литарските dCi со
дијапазон на моќност од 85 до 130 коњски сили. Понатаму се очекуваат и дизелски
верзии со 150 и 160 коњски сили, но и турбо бензинецот 1.4 TCE со 130
коњски сили.
Моќноста до предните тркала се пренесува преку шест
степениот мануелен менувач кој доаѓа сериски, додека како опција се нуди и CVT
безстепениот автоматик.
Внатре се истакнува дигиталната табла со инструменти,
отклучување/заклучување и старт на моторот без клуч превземено од втората
генерација, конекција Bluetooth, високо квалитетен аудио систем и сателитска навигација како
опција.
Комерцијализацијата на Западно европскиот пазар на Megane
Coupe стартува во ноември, а до крајот од годината треба да се појави и на
останатите пазари.
|