|
Renault го најави стартот на продажбата на двете нови верзии наменети за моделската понуда на Megan. Наречени GT и GT Line секоја од верзиите носи сопствен печат и анимира различен тип купувачи.

Помеката линија е GT Line која како основа го користи спортскиот пакет Sports Pack во понудата на Мegane кој е достапен како опција во Dynamique нивото на опременост со специфичен потврд сетап на суспензијата.
Покрај поцврстата суспензија GT Line ја покрива комплетната моторна понуда на Megane, освен турбо бензинецот TCe со 180 КС и турбо дизелот dCi DPF со 160 КС и е достапна со доплата од 1.500 евра само во Dynamique нивото на опременост.
GT Line нуди ново дизајниран преден и заден браник со интегриран дифузор, црна маска на предните светла, леснометлани бандажи Celsium од 17 инчи со темна метална боја, рачки на вратите и кровни штини кај комбито во темно метална боја и беџ GT Line на маската и задната врата.
Внатре се препознава по спортските седишта од Megane RS, детали од полиран карбон-фибер, бројач на вртежи со темно сива основа и алуминиумски педали исто како кај Megane RS и лого GT Line на потпирачите за глава, арматурата и на праговите.
Верзијата GT исто така се добива само во Dynamique пакетот на опременост. Во серија се добива истата опрема како и кај GT Line плус: беџ GT Renault Sport на маската и на задната врата и леснометлани бандажи Jetow од 18 инчи со темна метална боја обуени во гуми Dunlop Sport Maxx TT како и кај Megane RS.
Внатре исто така се наоѓа истата опрема како и кај GT Line плус: лого GT на потпирачите за глава, на арматурата и на праговите, и здебелен волан превземен од Megane RS.
Моделите од GT верзијата за разлика од GT Line користат повеќе елементи доработени во Renault Sport Technologies. Тука спаѓаат поспортската и уште постегната суспензија која е дериват на суспензијата на Megane RS.
Понатаму електрично серво управување калибрирано да биде подиректно и да пренесува уште повеќе повратни информации за поспортско чувство зад волан и посмело напаѓање на свијоците и помоќен сопирачки систем со ново серво кое дозволува поголемо чувство за попрецизно дозирање на силата на сопирање кои исто така се дериват на системите кои ги користи Megane RS.
Renault ги објавува и цените за Megane GT за францускиот пазар.
Хечбекот, купето и комбито со TCe 180 и шест степен менуелен менувач чинат 26.050, 26.800 и 27.000 евра соодветно. Трите верзии со dCi 160 DPF со мануелен шест степен менувач чинат 28.350, 29.100 и 29.300 евра соодветно.
|