|
02.03.2009 |
Најавен за салонот во Женева, Megane RS ја промува
муцката малку порано. Првиот фотос несакајќи се појавува неколку дена
пред премиерата и сe работи за протечена информација.
Фотографијата е
официјална и на неа може да се забележи како ќе изгледа конечната верзија на Megane
RS.
Како што најавивме под хаубата ќе работи трубо бензинецот
од 2.0 литри кој ќе остварува 250 коњски сили и вртежен момент од 340 Nm.
Купувачите на новиот Megane RS ќе имаат
можност да изберат меѓу два типа на шасија. Стандардна и високо перформансна Cup шасија претставена
во сеуште актуелниот Megane R26 која покрај спортската суспензија
нуди и самоблокирачки диференцијал.
Комплетните технички карактеристики, опременоста и цената
се очекуваат по премиерата.
|